Kривична пријава против ирачки државјанин, организирал криминална група за криумчарење мигранти

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против А.Ј.(28), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ и „криумчарење на мигранти“.
А.Ј., кој во моментот издржува затворска казна во казнено-поправна установа во Сојузна Република Германија, во периодот од август 2021 година до мај 2023 година, во координација со криминални групи кои делувале на територија на Република Турција, Република Бугарија, Република Србија и Република Унгарија планирал и ја договарал бројката на мигранти од Блискиот Исток кои ќе бидат пренесени од Република Турција или Република Грција кон земјите на ЕУ.
Исто така, во периодот од април до октомври 2022 година, преку други лица, преку услуга за брз трансфер на пари извршил повеќе трансфери на парични средства во вкупен износ од 6.670 евра кон две лица, кои се претходно пријавени како членови на сузбиена криминална група во 2023 година.
Ново на Сител
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
-

Поради активност на вулканот Етна суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија
-

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
-

Мицкоски: Високата поддршка во анкетите е резултат на работата и реформите
