Македонија
17. July 2017 - 14:40

Кривична пријава против Гевгеличанец поради тешка кражба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија поднесе кривична пријава против И.М.(29) од Гевгелија за сторено кривично дело „тешка кражба“.

МВР соопшти дека во периодот од октомври 2015 година до 29.04.2016 година, пријавениот со употреба на погоден алат насилно ја отворил влезната врата од вила лоцирана на „Ски центарот Кожув“ Гевгелија, и одзел разновидна техничка стока во вредност од околу 300.000 денари.