Македонија
22. January 2024 - 15:46

Kривична пријава против 51-годишник кој нападнал малолетник во Кочани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.М.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

На 24.12.2023 во Градскиот трговски центар Кочани, пријавениот физички нападнал малолетник од Кочани и му нанел повреди, соопшти МВР.