Крива Паланка и Лесковeц зaеднички ќе аплицираат за ЕУ-фондовите од прекуграничната ИПА-програма
Работни групи за изработка на предлог-проекти од општина Крива Паланка и Лесковац одржаа средба во општина Крива Паланкa на која се работеше на идеи и концепти за апликација на првиот повик од ИПА-програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија.
Од општина Крива Паланка информираат дека двата тима ја подготвуваат нацрт-верзијата на заедничка апликација со која ќе се проектираат заеднички активности со кои ќе аплицираат пред ЕУ-фондовите.
-На работната средба беа разгледани проектните предлози на двете локални самоурави и беа договорени конкретните понатамошни чекори и активности во однос на изработката на заедничката проектна апликација. Покрај овој работен состанок, претставниците од Лесковац имаа можност да ги посетат археолошките и историски поставки во ЛУ Градски музеј, манастирот ,,Св.Јоаким Осоговски“, како и други знаменитости во градот, искажувајќи голема благодарност и задоволство од гостопримството и конструктивноста на нашиот тим предводен од градоначалникот Мицевски, а беа пријатно изнеадени од природните убавини и потенцијалот на Крива Паланка, информира службата за комуникација со јавност во општина Крива Паланка.
Европската унија одвои 3,5 милиони евра за прекугранична соработка меѓу Србија и Северна Македонија за периодот до 2020 година. Оваа програма се спроведува во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) на Европската Унија, што ја поддржува прекуграничната соработка со цел промовирање на добрососедски односи, социо-економскиот развој и поттикнување на евроинтеграциите.
Ново на Сител
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала