Македонија
24. јуни 2019 - 12:00

Бизарна смрт во Скудрињe: Го прегазил сопствениот камион

Вчера околу пладне било пријавено дека во с. Скудриње, починал И.Е. (57) од с. Скудриње откако бил поклопен од камион „Там“ (негова сопственост) кој се придвижил откако претходно тој го паркирал со намера да истовари стока во касапница.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.