Кристијан Стаменов нов в.д. директор на ЈУ “Зоолошка градина“ – Скопје
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го назначи Кристијан Стаменов за нов вршител на должноста директор на ЈУ „Зоолошка градина“ на Град Скопје, откако претходниот директор Ѓорги Галетановски си поднесе оставка од оваа функција.
– Покрај Стаменов, Тина Мицковска од денеска е прв соработник и заменичка на новиот директор на ЗОО. Мицковска претходно беше задолжена за односи со јавноста на Зоолошката градина, информира Град Скопје.
Стаменов е вработен во Зоолошката градина во Скопје од 2011 година, на работна позиција самостоен ЗОО негувател. Тој е дипломиран економист во областа на маркетинг менаџмент.
– Главни проекти на кои ќе се насочи новото раководство на Зоолошката градина во Скопје се ревитализирање на сите надворешни живеалишта, изведба на центар за хипорехабилитација на местото на градскиот пајтон, ставање во функција на мултинаменскиот центар со цел едукација на деца од претшколска и школска возраст како и изградба на детски парк. Зоолошката градина во Скопје во соработка со Град Скопје ќе работи и на поставување на обновливи извори на енергија на сите објекти во зоолошката градина, информираат од Град Скопје.
Ѓорѓи Галетановски вчера преку Фејсбук статус информираше дека си поднесува оставка од функцијата.
Ново на Сител
-
Трошок за еден пензионер го покриваат речиси двајца вработени, над 200 лица во ПИОМ земале плата, а не оделе на работа
-
Македонец меѓу екстремистите од терористичката ќелија која планирала напад врз цивили
-
Оставка на српскиот премиер
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат
-
Сиљановска во Полска
-
Загаден воздухот во Охрид
-
Српскиот премиер си поднесе оставка