Македонија
2. February 2018 - 13:13

Кражба во Македонски Железници

Рано изутринава во 02.00 часот, раководител на контактната мрежа во Македонски Железници пријавил дека во кругот на железничката станица во с.Миладиновци непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот со употреба на сила и погоден алат одзел 13 тегови од 25 килограми од метален столб за затегнување на деловодната мрежа за напојување на електрична енергија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.