Кражба во џамијата Теќе „Алвети Хасан Баба“ во Струга
Струшката полиција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, поднесе кривична пријава против М.Д. (40) од струшкото село Октиси.
Со намера да изврши кражба, на 10.10.2015 година околу 14,00 часот, соопшти денеска МВР, пријавениот се упатил во џамијата - Теќе „Алвети Хасан Баба“ во Струга. Најнапред направил обиколка на џамијата по што, искористил погоден момент и со тргање, насилно извадил две камери поставени на sидовите од џамијата со што предизвикал материјална штета од 18.000 денари. Потоа брзо избегал од местото по што со украдените камери се упатил према селото Октиси.
По четири дена од извршената кражба, од пријавениот М.Д. камерите се одземени, извршено е препознавање а потоа се вратени односно предадени на претставник од џамијата.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје