Кратерска инвазија во Скопје: Бесплатен превоз и влез за навивачите и симпатизери на Силекс против Динамо Минск

ФК Силекс ги повикува сите навивачи и симпатизери да бидат дел од европскиот предизвик на клубот и да дадат силна поддршка на натпреварот против Динамо Минск, кој ќе се одигра на 16 јули во Скопје, со почеток во 20:00 часот.
За таа цел, клубот организира бесплатен превоз, во кој е вклучен и билет за натпреварот. Поаѓањето е закажано во 17:00 часот од Автобуската станица во Кратово, а од клубот апелираат сите пријавени навреме да пристигнат на местото на поаѓање.
Билетите веќе се пристигнати и заинтересираните навивачи можат да се пријават кај овластените лица во Кратово, Пробиштип и Скопје.
Во Кратово за билети и информации се задолжени Џемо Краљевски (071 357 611), Дарко Никодинов (078 825 566), Дарко Јовановски (078 388 528) и Давор Трајковски (078 277 055). Во Пробиштип контакт лице е Тоше Анастасовски (078 949 090), додека во Скопје пријавувањето е кај Бојан Андоновски (071 364 377).
Од ФК Силекс информираат дека за публиката ќе биде отворена северната трибина, додека источната трибина ќе биде резервирана исклучиво за навивачката група „Кратери“.
Од клубот упатуваат повик за максимална мобилизација и исполнување на трибините, со порака дека секој навивач и секој глас ќе бидат значајна поддршка во борбата за позитивен резултат на европската сцена и долго европско лето.
„Кратово дише за Силекс. Време е сите заедно да застанеме зад нашиот клуб и да создадеме атмосфера достојна за европски натпревар“, порачуваат од ФК Силекс.
Ново на Сител
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
