Крај на драмата во рудникот Трепча, сите рудари се спасени
Околу 100 рудари на рудникот Стари трг, кои беа заробени на 700 метри под површината по дефект на електричната мрежа, се спасени, јавуваат приштинските медиуми.
Рударите се извлечени на површината по интервенција и враќање на струјата во Трепча, пренесува Коха диторе.
Претставник на синдикатот на рударите соопшти претходно дека не се во животна опасност, и дека се работи на спасувањето на рударите, пренесе КТВ.
„Околу 100 рудари останаа на осмото, деветтото и десеттото ниво. Експертите се трудат, барем привремено, да ги оспособат електричните инсталации за да ги извлечат рударите од јамата“, изјави шефот на синдикатот на рударите на Стари трг Шукри Садику.
Нема повредени рудари, а проблемот во рудникот настанал поради експлозија на трансформатор. Рудникот Стари трг е дел од комбинатот Трепча.
Ново на Сител
-
Демонстрации во Барселона против прекумерниот туризам
-
Жестоки борби во источна Украина, Русите напаѓаат се повеќе локации во Доњецк
-
Претседателот на Владата Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО
-
ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се изгаснати и од нив активни утрово нема
-
Санкционирани 134 возачи во Скопје
-
Сончево и топло, максималната температура до 38 степени
-
Во Израел денеска е ден на протести, со барање за распишување избори
-
Втор круг од парламентарните избори во Франција, се предвидува релативна победа на десницата