Ковачки: Славјанка Петровска да го покаже договорот за продажба на луксузната хациенда
Почитувани,
Славјанка Петровска да го покаже договорот за продажба на луксузната хациенда - Дали ја продала куќата или само земјиштето.
Славјанка Петровска е фатена во лага. Јавноста виде дека таа поседува луксузна хациенда со базен во Радишани, која сакаше да ја сокрие од јавноста.
Ова се снимки од сателитско снимање на теренот од кои се гледа како истата го гради целиот комплекс во период од 2009-та до 2016-тата година. Со тоа, очигледно е дека е извршено кривично дело бесправно градење, и е сторен криминал чие санкционирање се регулира согласно 244-а од Кривичниот законик – Бесправно градење, кој во став 1 вели: - Тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со казна затвор од три до осум години.
Кривичното дело - Бесправно градење има рок на застарување од 16 години и одговорност за ова мора да има.
Одиме понатаму.
Петровска кажа дека го продала земјиштето во 2011-тата, а директорот на Катастар кажа дека истата го продала дури во 2020-та година.
Во случајов вистината ја говори директорот на Катастар. Но, таа го продала земјиштето, но не и хациендата со базен.
Хациендата, според евидентен лист е се уште сопственост на Петровска.
Според наши сознанија сметките за струја, вода и други услуги кои се користат во хациендата гласат на име на таткото на Петровска.
А, и таа според место на живеење се води во живеалиште на адресата на која се наоѓа хациендата.
Дали ова не е доволен доказ дека Петровска лаже. И дека всушност таа крие хациенда со базен, која не и е продадена, туку истата и е регистрирано живеалиште?
Очекуваме Петровска да не се плетка понатаму во лаги и да ја подари луксузната хациенда со базен на здруженијата на бранители од 2001 година.
Прашање: Дали коалицијата и односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците се нарушени? Таравари претходно изјави дека не е задоволен од позициите на вашата партија. Како го коментирате ова и опцијата за влез на Алијанса во Владата?
Одговор: Легитимно е правото на секој политички субјект да влегува или излегува од Влада. Меѓутоа исто така прашање е на политички легитимитет за тој политички субјект во случајов Алијанса за Албанците кои што до вчера ја критикуваа Владата за криминал и корупција, а сега сакаат да влезат во неа. Цениме дека граѓаните односно народот на Република Македонија на наредните предвремени парламентарни избори ќе знае како да одлучи и кому ќе ја даде довербата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран