Ковачевски за Рамазан Бајрам: Преку меѓусебна почит и разбирање градиме еднакво општество, интегрирано во европското семејство
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, упати телеграма со честитки до поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот и на Муфтиствата, како и до сите верници од исламска вероисповед, кои празнуваат.
„Упатувам искрени желби за мир, радост и благосостојба до секого и во сечиј дом.
Празниците се денови кога членовите на семејствата, соседите, пријателите се заедно и споделуваат меѓусебна почит, разбирање, солидарност.
Токму на овие вредности, ние заедно го градиме и нашето еднакво општество за сите граѓани, промовирајќи ја мултикултурата како функционална придобивка и со оваа посебност ја интегрираме државата во европското семејство на народи и држави.
Во време на безбедносни и економски предизвици на европскиот континент, Република Северна Македонија е корисен, уникатен пример, за негувањето и развојот на различните традиции, вери, заедници.
Преку заедничките определби, со искрените пријателства, да продолжиме да поставуваме нови темели во меѓусебните односи.
Честит Рамазан Бајрам!“, порача претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во телеграмата за празникот Рамазан Бајрам до поглаварот хаџи Шаќир ефенди Фетаи.

Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
