Ковачевски со честитка до МПЦ-ОА: Духовно-просветителското наследство на светите браќа Кирил и Методиј има безвременско значење
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители,светите браќа Кирил и Методиј, испрати телеграма со честитки до архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, ценетото свештенство и монаштво, како и до сите православни верници во нашата земја.
Премиерот Ковачевски, во честитката, го нагласил огромното значење на сесловенските просветители Кирил и Методиј во создавањето на првото словенско писмо во коешто се наоѓаат корените и на македонската писменост.
- Празникот 24 Мај секоја година го осветлува епохалното дело на светите браќа Кирил и Методиј како создатели на првото словенско писмо - глаголицата во коешто се наоѓаат корените и на македонската писменост и како христијански рамноапостоли и сесловенски просветители, кои успеваат да ја разбијат тогашната тријазична догма и да ја издигнат словенската култура на рамноправно рамниште со трите други култури во тоа време во Европа. Така е кодифициран и книжевниот црковнословенски јазик, во чија основа лежи македонскиот словенски говор од околината на Солун, се вели во честитката на премиерот Ковачевски, соопштија од Сектор за односи со јавноста во Владата.
Браќата Кирил и Методиј, како што се нагласува во честитката, се издигнуваат и во темелници на интеркултурализмот поради значењето што го имаат за единството на европските народи, прогласени за светци од Православната црква и за созаштитници, односно патрони на Европа, од Римокатоличката црква.
- Со оглед дека развојот на словенската писменост, а со тоа и на македонската писменост, продолжува да се одвива на македонска почва под закрила на Охридската архиепископија, духовно-просветителското наследство на светите браќа Кирил и Методиј има безвременско значење и за нашата автокефална Македонска православна црква – Охридска архиепископија, која од лани е признаена како рамноправна со сите православни цркви, заедно со македонската писменост, јазик, култура и идентитет“, стои во честитката на премиерот Ковачевски.
„Нека е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј!“, порачал премиерот Ковачевски во телеграмата упатена до архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, соопштија од владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза