Македонија
22. May 2024 - 17:58

Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски официјално го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ.

„Ве информираме дека на денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, претседателот Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ којашто ја најави на 8-ми мај, како високо морален чин, и согласно Статутот на партија иницираше свикување Конгрес на СДСМ заради анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите на СДСМ, избрани од Конгресот, со оглед на изборните резултати“, соопштија попладнево од Извршниот одбор на СДСМ.

Ново на Сител