Ковачевски: Мојата сопруга е родена во Крива Паланка, не можам да коментирам за нејзините предци
По вчерашните написи во одредени медиуми дека неговата сопруга има бугарско потекло, премиерот Димитар Ковачевски рече дека таа и нејзиниот татко и дедо се родени во земјава и оти не може да зборува и да коментира за нејзини прадедовци или чукундедовци.
– Не знам зошто би биле од интерес потеклото на роднините на мојата сопруга, меѓутоа еве штом е тука прашањето – таткото на мојата сопруга е роден во Куманово, дедото на мојата сопруга е роден во Крива Паланка, мојата сопруга е родена во Крива Паланка, јас сум роден во Куманово. Нашите деца се родени во Скопје и сите ние поседуваме лични документи на Република Северна Македонија, рече Ковачевски во одговор за на новинарско прашање дали се точни информациите дека неговата сопруга е Бугарка.
Во однос на предците на семејството, тој додаде дека навистина не може да коментира во такви детали бидејќи, како што рече, „да се зборува за прадедовци, чукундедовци навистина тоа не било никогаш тема на разговор“.
Ново на Сител
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто
-
Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови
-
Напади со дронови меѓу Русија и Украина во текот на ноќта
-
Илјадници луѓе протестираа во Израел барајќи договор за заложниците
-
Сончево со мала до умерена облачност, од утре промена на времето
-
На ГП Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Покрената истрага за поранешниот специјален обвинител кој водеше два случаи против Доналд Трамп