Македонија
23. јуни 2023 - 16:45

Ковачевски има лице од црната листа на својата листа соработници

Договорот кој го склучил Заев се уште го држи Љубе Бошковски во кабинетот на Премиерот Ковачевски иако екс-министерот со години се наоѓа на црната листа на САД. Премиерот, чија Влада немаше проблем да го раскине договорот за Клинички, за што ни се закануваат пенали од 20 милиони евра сега во кабинетот има човек од црната листа кој е таму бидејќи се уште имал валиден договор. 

Согласно податоците кои се објавени на Владиниот веб сајт, Љубе Бошковски му е советник на Премиерот Ковачевски за странски инвестиции. За тоа секој месец му плаќаме над 57.000 денари како нето плата. 
По вчерашната јасна порака дека оние кои што се наоѓаат на црната листа треба да си поднесат оставки, денеска премиерот омекна.

Само што поцрне Мерко, зборот оставка стана непознат во Мала Речица. Партијата која немаше проблем да исклучи цели ограноци од своите редови бидејќи не се согласуваа со политиките на врвот, за Мерко кој е обвинет за тежок криминал се задоволи само со неговото самоиницијативно замрзнување на членството во партиските раководни тела.