Македонија
5. January 2018 - 14:01

Котевски директор на затворот во Шутка, Еркечов на Градежен инспекторат

Ѓоко Котевски е новиот директор на Скопскиот истражен затвор во Шутка, а Боре Еркечов на Градежниот инспекторат.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, за пополнување на раководните места во останатите институции ќе се одлучува на наредната седница на Владата во вторник.

Котевски доаѓа во „Шутка“ од Управата за водење матични книги при Министерството за правда.