Костадинов: СДСМ исплати 22 милиони евра субвенции за тутунарите
Владата преводена од СДСМ продолжува со водење на успешни политики и преку конкретни мерки покажува што значи вистинска грижа за граѓаните, за земјоделците и нивниот труд.
За прв пат навреме и неселективно исплатени се зголемени субвенции за тутунот.
Овие денови, 20.880 тутунари на своите сметки добиваат околу 22 милиони евра субвенции, за тутун.
Субвенциите се зголемени и по класи: 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари субвенции по килограм тутун за трета, односно четврта класа.
Овој нов модел на субвенционирање им овозможува на тутунарите подобри услови за производство на поквалитетен тутун и повеќе приходи за нив и нивните семејства.
Реколтата 2017 година е со историски највисока цена од 217.6 денари по килограм, што е потврда за успешноста на мерките и политиките во земјоделството.
Со ова се остварува уште едно клучно ветување од Планот за живот: исплатата на субвенциите е неселективна, зголемена, редовна и навремена, односно земјоделците ги добиваат субвенциите тогаш кога им се најмногу потребни.
Со зголемените субвенции уште еднаш се потврдува нашата заложба за обезбедување на повеќе пари кај граѓаните. Наша цел е достоинствени земјоделци коишто спокојно ќе живеат од својот труд.
СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ја предводи продолжува на остварувањето на зацртаните мерки кои обезбедуваат развој на земјоделството, повисок животен стандард и повеќе пари кај граѓаните.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари, охрабрувам да се пријават подготвените за овој процес
-
Зголемените американски царински стапки ќе се применуваат од 1 август
-
ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот
-
Ѓорѓиевски: Спремен сум по изборите да го воскреснам Скопје и конечно да стане град за достоинствен живот
-
Мицкоски: Се разбира дека ќе нема данок за немажени и неженети, но ние тивко исчезнуваме и тоа поминува незабележано
-
Во Пониква заврши првата фаза од рехабилитацијата на повредените во дискотеката Пулс
-
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
-
МВР: Лишени од слобода шест возачи за возење под дејство на алкохол