Костадинов: Растот од 3,1 отсто на БДП е доказ дека приближувањето до ЕУ и НАТО позитивно влијае врз економијата
Растот на Бруто домашниот производ од 3,1 отсто во вториот квартал е уште една потврда за успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ.
По рекордниот износ на странски инвестиции од 327 милиони евра во првото полугодие, по растот на индустриското производство од 8,4 отсто во јули, ова е уште една потврда дека македонската економија е поставена на стабилни основи и се движи во добар правец.
Очигледно е, како што Македонија се приближува до влезот во НАТО и ЕУ, така позитивните резултати се поконкретни и повидливи.
Таквиот процес дополнително ќе се интензивира со влезот во НАТО и со започнување на пристапните преговори со ЕУ.
Членството во НАТО и ЕУ е влез на пазар од половина милијарда потрошувачи. Тоа значи зголемено производство, поголем пласман на македонски производи и зголемена конкурентност на македонската економија.
Влезот во ЕУ и НАТО обезбедува поголеми и посериозни странски инвестиции, нови работни места, поголеми плати, повеќе пари кај граѓаните и поинтензивен економски раст.
Економските придобивки од членството во ЕУ и НАТО се реални и остварливи. Затоа, да не ја испуштиме шансата на 30 септември да ја обезбедиме иднината што носи повисок животен стандард за сите граѓани.
На 30 септември да излеземе масовно и одлучно да заокружиме ЗА повеќе инвестиции и нови работни места, да заокружиме ЗА повисок животен стандард, да заокружиме ЗА европска Македонија.
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата