Костадинов: Дали Мицкоски од Груевски добил инструкции како да го закочи напредокот на државата кон ЕУ и НАТО
На Христијан Мицкоски му поставивме неколку прашања и веќе десетина дена не одговара на поставените прашања од наша страна.
Денеска, дополнително, ќе му поставиме и нови прашања на кои се надеваме дека навремено ќе одговори.
Дали Христијан Мицкоски отиде во Будимпешта на уште една консултација со својот шеф, криминалецот во бегство Никола Груевски?
Дали Мицкоски отиде кај Груевски да бара совети како да го спречи Законот за попис?
Дали Мицкоски отиде кај Груевски за овој да го подучи како да шири, лажни вести национализам и омраза меѓу граѓаните?
Дали Мицкоски од Груевски добил инструкции како да продолжи со деструкцијата и обидите да го закочи напредокот во интеграциите на државата кон ЕУ и НАТО?
Јасно е дека единствениот криминален октопод е сместен во Будимпешта, неговата глава е Никола Груевски, а неговите пипци се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски не е ништо друго освен послушник и извршител на наредбите на осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски.
Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ раководена од Будимпешта.
Од белиот дворец нема ниту една позитивна мерка, само лажни вести, деструкција и одбрана на криминалот.
Ново на Сител
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат
-
Сиљановска во Полска
-
Загаден воздухот во Охрид
-
Српскиот премиер си поднесе оставка
-
Преглед на вестите од светот
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје