Коста Кецмановиќ сам се пријавил во полиција, имал список на деца кои ќе ги убие и скица од училиштето
Коста Кецмановиќ (14) сам се јавил во полиција и кажал дека пукал во повеќе лица, изјави денес Веселин Милиќ, началник на полицијата во Белград додавајќи дека 14 годишникот го земал оружјето на неговиот татко и со себе донел 4 молотови коктели.
- Имал список. Скицата изгледа како од видео игра или од хорор филм што укажува на тоа дека детално планирал како да влезе и во која училница кое дете да го убие - вели Милиќ.
- Неми сме пред оваа трагедија. На 3.5 во 8:42 се јави НН лице кое се претстави како К.К. и рече дека пукал во повеќе луѓе во ОУ „Владислав Рибникар“. Во пукањето се убиени 8 ученици, 7 девојчиња и едно момче. По доаѓањето на полициајта во училиштето убиецот е уапсен. Долго време го планирал настанот. Го избрал денешниот датум бидејќи училницата по историја била близу до излезот од училиштето. Во ранецот имал четири молотови коктели.
- Сум бил на илјадници истраги, ова е невидено во српското општество. Според досега собраните податоци, детето долго време го планирало настанот. Ги зел пиштолите од станот на татко му, со себе носел и молотови коктели. Прво пукал во обезбедувањето, а потоа во дежурната ученичка. По злосторството повикал полиција.
- Таткото на 14 годишниот Коста Кецмановиќ е уапсен, двата пиштоли имале дозвола. Тој тврди дека биле заклучени во сефот под шифра, но очигледно момчето ја знаело шифрата, изјави министерот Гашиќ.
Седмооделенецот имал и три полни рамки со по 15 куршуми.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување