Косовскиот претседател Тачи во посета на Словенија
Косовскиот претседател.Хашим Тачи се наоѓа во дводневна официјална посета на Словенија.
Денеска тој ќе ја има првата средба со неговиот домаќин, словенечкиот претседател Борут Пахор, по што ќе одржат заедничка прес- конференција.
Потоа шефот на косовската држава ќе има работен ручек со словенечкиот премиер Миро Церар, додека попладне ќе оствари средба со градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанкович. Првиот ден од посетата ќе биде заокружен со заедничка вечера на делегациите на двете земји,предводени од Тачи и Пахор, соопшти кабинетот на Тачи.
Вториот ден од посетата Тачи, заедно со Пахор ќе учествува на бизнис конфренцијата Словенија-Косово, организирана од Словенечката комора за економија и индустрија. На конференцијата Тачи ќе има и свое обраќање пред учесниците.
Ново на Сител
-
Од утре се замрзнуваат маржите на основните прехранбени производи
-
СОНК бара зголемување на платите веднаш, во спротивно излегуваат на улица
-
Боди камери за искоренување на корупцијата кај царинските службеници
-
Национален совет за развој
-
Контроли на Клиниките
-
Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Скопје
-
Преглед на вести од светот
-
Прва средба Муцунски-Герапетритис во Њујорк