Косовец пробал да криумчари 1.260 ампули и 4.410 таблети од разни лекови и стероиди, поднесена пријава
Возач на товарно моторно возило, државјанин на Косово, се обидел преку Деве Баир да криумчари разни лекови и анаболични стероиди од кои 126 кутии со вкупно 1.260 ампули Equiamax B200 200mg-1ml, Decamax D200 200mg-1ml, Testomax E250 250mg-1ml, Testomax C200 200mg-1ml, Primomax P100 100mg-1ml, 50 флакони Gemtu 1000mg-10ml, како и 49 кутии со вкупно 4.410 таблети Andromax Oxymetholone 25mg и Danamax Methandrostanolone 10mg.
Во намерата е спречен од мобилен царински тим кој на влез на граничен премин Деве Баир изврши контрола на возилото, при што во кабината на возилото во кеса скриена со ќебе и јакна, во фиоката над воланот и во сандакот со алат ги откри непријавените лекови со вкупна вредност од 788 илјади денари. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово.
Ново на Сител
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО
-
Директорот на ФБИ нареди големо прераспоредување на персоналот
-
МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство
-
Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје