Балкан
8. November 2016 - 15:08

Косовец обвинет за учество во сирискиот конфликт во редовите на ИД

Косовското обвинителство соопшти дека покренало обвинение против државјанин на Косово, поради членство во групата Исламска држава (ИД) во Сирија.

Доколку биде прогласен за виновен, осомничениот може да добие 10 години затвор за учество во терористичка група.

Осомничениот косовски граѓанин, кој се наоѓа во затвор поради друго обвинение, бил активен член на ИД во периодот од 2013 до февруари 2014 година.

Во последните неколку денови други девет лица беа уапсени под сомнеж за поврзаност со ИД и планирање напади на Косово и други балкански земји.