Loading Video...
Кошарка
6. August 2022 - 18:36

Кошаркарските „надежи“ конечно се израдуваа на победа

Машката јуниорска селекција на Македонија конечно се израдува на победа на ЕП за играчи до 18 години што се одржува во Измир, Турција.
 
По петте порази, избраниците на селкторот Тони Симиќ го добија првиот од двата дуели преку кои се брка опстанот во елитната А дивизија. 
 
Црвено-жолтите попладнево ја совладаа селекцијата на Црна Гора со 65-62 и останаа во игра за 13.место кое носи опсанок. За него ќе се борат со врсниците од Хрватска кои попладнево ја победија Велика Британија. 
 
Мечот против Хрватите ќе се игра утре во 12:45 часот, а само победа е во опција, во спротивно, пораз би значел и чекор назад, односно следната година, јуниорите ќе настапуваат во второлигашката конкуренција.