-->
-->
Кошаркарски куп: Финале Карпош С.-Фени И.
-->
Карпош Соколи и Фени индустри во недела ќе се борат за трофејот во кошаркарскиот Куп на Македонија. Карпош Соколи во првото полуфинале го совладаа Работнички 92:78, додека Фени приреди вистинска сензација со елиминацијата на бранителот на трофејот МЗТ, откако славеше со 80:79.
Карпош Соколи го повторни минатогодишниот успех со пласманот во финалето и в недела ќе се бори за својот прв трофеј во Купот. Искуството и „подолгата“ клупа беа пресудни за победата на „соколите“ над Работнички.
Мавра беше прв играч на натпреварот со 27 поени и осум асистенции, а кај Карпош го следеа Трајковски со 17 и Лабовиќ со 15 поени. Ветеранот Тасовски беше најефикасен во редовите на Работнички со 23 поени.
Второто полуфинале донесе сензационална победа на Фени над бранителот на трофејот МЗТ иако скопскиот тим на 24 секунди до крајот на натпреварот имаше предност од четири поени 75:79.
Дуелот кој донесе многу пресврти и кој мина во знакот на повредата на плејмејкерот на МЗТ, Ван Остром, го решија Чешковиќ со тројка и Николовски со два поени во последните 24 секунди од натпреварот. Последниот напад на мечот го имаше МЗТ, но Дреновац не успеа да го заврши со поени.
Некогашниот капитен на МЗТ, Николовски со 22 поени го предводеше Фени до големата победа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели