Loading Video...
Кошарка
23. August 2022 - 18:35

Кошаркарите отпатуваа за Данска на првиот меч од предквалификациите за ЕП 20225

Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација попладнево отпатува за Данска каде во четврток ќе го одигра првиот натпревар од новиот циклус на предквалификации за ЕП 
 
Со видно изменет состав во однос на последниот натпревар кој кошаркарите го одиграа против Украина, новиот селектор Александар Јончевски ќе се обиде пред се да создаде позитивна атмосфера, која треба да донесе и резултат. 
 
Прв испит за Јончевски и неговите избраници ќе биде селекцијата на Данска   
 
„Имавме нецели две недели подготовки. Првата ја искористивме за базични подготовки во Маврово и успеавме да поставиме систем според играчите со кои располагаме во овој момент, бидејќи, знаеме дека дел од тие играчи не се појавија на овој собир поради оправдани причини, тоа се повреди. Првпат почнуваме едни квалификации за ЕП во кои немаме натурализиран играч, тоа ќе биде голем хендикеп за нас, особено што имаме дефицит на високи играчи и ќе се обидеме со она кое располагаме да одговориме на предизвикот Данска. Секако дека одиме на победа на натпреварите“ изјави селекторот Јончевски 
 
Во составот се повратниците Магдевски и Димитриевиќ како и искусните Војдан Стојановски и Бојан Крстевски, а своја шанса за деби во црвено-жолтиот дрес ќе чека центарот Димитар Пандев. 
 
Поради повреда во последен момент од комбинација отпадна Бобан Стајиќ, а од иста причина и Адем Мекиќ ќе го пропушти првиот квалификациски круг 
 
Натпреварот Данска – Македонија ќе се одигра в четврток во Нествед со старт во 19:00 часот, а еден час порано својот меч од првата рунда во Д групата ќе го одиграа Словачка и Норвешка.