Коронавирусот ги влошува работите за Роналдињо

Ситуацијата на фудбалска легенда и миленик на неколку генерации – Роналдињо, може да се влоши понатаму и да не се развие во најдобро сценарио. Причината за ова е … коронавирусот, што секако не влијае негативно само на Бразилецот.
Излезе дека поради КОВИД-19, клучен сведок во случајот против Роналдињо и неговиот брат не може да пристигне во Парагвај. Првично, на фудбалската легенда му беше забрането привремено пуштање, затоа што беше решено дека може да избега.
Ситуацијата сега се влошува бидејќи Далија Лопез, деловната жена која беше вклучена во организирање на патувањето за Роналдињо и неговиот брат во Парагвај, не се појави на суд.
Нејзиниот адвокат ова го припишува на фактот дека имала висок крвен притисок и дијабетес од втори степен, што ја прави потенцијална жртва на коронавирусот.
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
