Коронавирусот беснее во Москва, се враќаат рестриктивните мерки
Во последните 24 часа во Москва се потврдени 6.723 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 114 умреа, поради што од денеска во сила стапуваат нови епидемиолошки мерки.
Само на вакцинираните, лицата кои заздравеле од коронавирусот или луѓето кои ќе направат негативен тест, ќе им биде дозволен влез во московските ресторани, кафулиња и барови.
Градските власти воведоа и ограничувања за повеќето болнички услуги, така што тие ќе можат да ги користат целосно вакцинираните и граѓаните кои имаат тестови за антитела.
Бројот на заразени лица во Русија се уште расте, така што во последните 24 часа се регистрирани 20.583 нови случаи, додека умреле 599 лица, јави рускиот оперативен штаб.
Меѓутоа, не се исполни планот за вакцинирање на 30 милиони граѓани до средината на јуни. Регионалните власти низ Русија ги задолжуваат вработените да се вакцинираат, а доказ за имунизација е неопходен за влез во рестораните и другите јавни места.
Здравствените власти причината за зголемувањето на новите инфекции ја гледаат во непочитувањето на санитарните мерки на граѓаните и распространетоста на новите видови на вирусот, но пред се во малиот процент на вакцинирани. Само 20,7 милиони луѓе или 14 проценти од 146 милиони жители на Русија досега примиле барем една доза, а само 16,7 милиони или околу 11 проценти се целосно вакцинирани.
Московските власти соопштија дека компаниите не треба да им исплаќаат плати на вработените кои не сакаат да бидат вакцинирани и дека треба да им се заканаат дека привремено ќе го суспендираат работењето на компаниите шо не ја исполнуваат целта 60 проценти од работниците да добијат барем една доза до 15 јули, и двете до 15 август.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален