-->
-->
Корисниците од неколку скопски улици без вода поради дефект
-->
Корисниците од неколку улици во Скопје од вечерва во поради дефект ќе имаат прекин во водоснабдувањето, соопшти Водовод.
Уличен дефект се случил денеска на булеварот „Илинден“ раскрсница со улица „Манапо“.
Водоснабдувањето е во прекин на улиците: „Лубланска“, „Манапо“, „Струма“, „Огражден“, „Драгиша Мишковиќ“, „Роберт Кох“, „Трифун Пановски“, „Радика“, „Карпошево Востание“, „Никола Русински“ и „Бледски Договор“.
Со намален притисок ќе биде дел од булеварот „Партизански одреди“ на потег од раскрсницата со „Лубланска“ до раскрсницата со „Манапо“ од 20:15часот до завршување на приклучокот.
Поради дефектот дел од булеварот „Илинден“ од улицата „Лубланска“ во правец на Центар до улица „Манапо“ ќе биде затворен за сообраќај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
-

Автомобил удри во група пешаци во Англија, има тешко повредени
-

Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски

