Свет
31. July 2016 - 9:11

Кориере дела сера: Ако Хилари стане претседател можно е „прва дама“ да биде нејзината ќерка Челси

Ако биде избрана за претседател, Хилари Клинтон можно е да ја довери улогата на „прва дама“ не на сопругот Бил Клинтон како што се очекува, туку на својата ќерка Челси, објави Кориере дела сера.

Тоа почна да се провлекува откако 36-годишната Челси оваа недела имаше говор на конгрес на американските демократи со кој ја претстави мајка си.

Според аналитичари на кои се повикува весникот, ако Хилари стане претседател на Челси може да се занимава со прашања со кои таа се занимаваше додека беше прва дама на Бил Клинтон, и тоа прашања поврзани за децата, образованието и со здравството.