Корените на новиот руски антиамериканизам
Антиамериканизам е марксизам на „руската пролет” и религија на постмодерното, посткомунистичко повторно руско раѓање. Двете се „за ракување” за која било акција и универзално оправдување за се. Како нов симбол на верата, поседува апсолутна моќ се да објасни. Со помош на него може да се разбере причината за климатските промени, корените на глобалната финансиска криза и изворот на корупција во Русија. Исто така, може да биде и одговор на вечното прашање на сите жители: зошто водата повторно ни е затворена?
Антиамериканизмот е нов култ во Путинова Русија. Старите и младите подеднакво му се поклонуваат и се заколнуваат на верност. Русија повеќе не ја сака Америка, но исто како и порано, не може да живее без Америка. Ако некаде немало Американци, морале да бидат измислени.
Не кревај тупаница пред борба
Бесмислено е да се крева тупаница по борба, но може да биде опасно и пред борба. Луѓето можат да помислат дека сте цврсти и да ве победат само од страв. Сепак, Кремљ грчевито мафта со рацете, праќа мистериозни закани и предупредувања на својот поранешен партнер преку океанот. Од своја страна, Америка развојот на настаните го гледа со извесна збунетост, не разбирајќи дали тоа е вовед во еден вид на аргументи или екстравагантно излевање на љубов.
Се е фрлено во ист куп: нуклеарни уцени, Искандер проектили во Каљининград, S-300s во Сирија, бази на Куба и во Виетнам, некои видови на комични илуминати и бескрајно збунувачки предупредувата на Министерството за надворешни работи, секое построго од претходното.
Очигледно, ова не е само продолжеток на стариот тренд, туку попрво премин во нешто квалитативно поинакво. Нешто е невротично во статистиката, се појавува слабо скриена хистерија зад бројните закани. Како и кој било друг вид на хистерија, оваа нова антиамериканска хистерија има многу приземјени и рационални основи. Тоа се каприц, гнев и голема нервоза, што руското водство на граѓаните им овозможува да ги доживеат одеднаш.
Каприц: Дали тоа навистина е омраза?
Делумно, Кремљ е каприциозен и всушност нема ни ронка антиамериканизам. На светската сцена, Москва делува како римејк на советското шоу „Ќе ве запалиме”. Бауците на Кремљ се фантастичен блеф во време кога вистинските цевки на руската надворешна политика едноставно се јасни. Москва праќа недвосмислен сигнал – пуштете не на мир, не се мешајте во нашите работи и дајте ни ја територијата на нашето поранешно царство како протекторат.
На Кремљ овие пораки изгледаат едноставни, јасни и од нивна перспектива фер, па западното неразбирање буквално ги вади од такт руските лидери. Уморен од нестрпливост, Кремљ се обидува да ја „бодне” Америка, укажувајќи на исправно толкување. Во исто време, Русија нема планови за глобална конфронтација со Америка, барем не во оваа фаза и не под ова лидерство. Ќе ги реши своите локални микро проблеми, додека ги прикажува како глобални цели.
На една страна се КГБ со голема доза на параноја, а од друга страна високоумните либерални економисти со верба во ортодоксниот монтаризам.
Идеално, Кремљ ја гледа Русија како еден вид Јужна Кореја. Би сакал да има јасен авторитарен систем заедно со полна пазарна економија, но сепак со силна владина контрола. Ова е извор на чудно поделениот политички идентитет на Кремљ: на една страна се КГБ со голема доза на параноја, а од друга страна високоумниоте либерални (и овој збор веројатно треба да биде под извесна сомнителност) економисти со верба во ортодоксниот монтаризам.
Путин нема да дозволи овие две партии да се изедат една со друга, но двете страни одржуваат илузија дека во принцип е можно така да се работи. Проблем е што одржувањето на таквите вештачки политичко-економски поделби на подолги патеки се ризични по руската културна и политичка традиција.
Поради тоа, додека целта им е јужнокорејска, Кремљ може да заврши на севернокорејски пат.
Гнев: Фатени во залажувања
Едно од најизненадувачките обележја на руската политичка култура е способноста на елитата државата да ја доведе во состојба на самохипноза. Меѓутоа, работите кои ги направија за да ги залажат другите, обично стануваат извор за самозалажување. Антиамериканизмот повторно е искористен како политичко средство, но пред нашите очи, стана сам по себе цел. Многу нешта собра на едно место, што заврши со создавање на силен кумулативен ефект.
Прво, добриот стар советски антиамериканизам, кој се уште го чувствуваат некои политички активни генерации, не е целосно исцрпен. Сместен е длабоко во потсвеста и се што е потребно е да се запали кибритче за повторно оваа ѕвезда водилка на советската пропаганда да прерасне во пламен. Второ, еден вид на „версајски синдром” е шутнат напред и империјалната носталгија стана како канта бензин фрлена во печка.
Америка често се претставува и како единствена светска суперсила и како геополитички слабак
Значи, на Кремљ не му требаше долго да го сврти бродот, лесно се сврте и сам. Милиони луѓе здивнаа кога го открија толку едноставното и јасно објаснување за се. И не им пречи фактот што нивниот поглед на свет содржи непомирлива контрадикција: Америка истовремено умира и го поробува светот. Тоа воедно е и единствена суперсила и геополитички слабак. Конспиративните теории никнуваат како печурки по дожд, нема криминал, нема конфликти, нема глупости или било кој дел да не го испланираа Американците однапред. Луѓето се гневни, постои општа недоверба, универзален гнев и бегството од него сега нема да биде лесно.
Нервоза: Стравот прави музиката да свири побрзо
Но, имаме ние многу каприц и страв веќе долго време, сигурно уште од задушувањето на востанието Болотнаја и анексијата на Крим. Но, вакво ниво на хистерија кое го видовме во последните месеци е нешто ново. Нешто што порано дополнително недостасуваше – голема нервоза.
Со потсвеста на владетелите постапно завладеа страв дека економската криза може да биде многу поголемо судење на системот од што признаваат на телевизија. Судејќи според се, експертите се малку нагли во своите заклучоци и санкции, претпоставувајќи дека Русија можеше да ги издржи без значителна штета. Секако, како краткорочна алатка за влијание на политиката на Кремељ во Украина, санкциите не беа многу ефикасни. Меѓутоа, долгорочно се чини дека делуваат, произведувајќи постепено ефект на гушење на руската економија.
Русија џиновска финансиска пирамида
Би напоменал дека ова делумно е поврзано со фактот дека руската економија не се темели толку на ресурси како што обично се претпоставува. Тоа повеќе е врз база на шпекулации. Шпекулативниот капитал и кредитите кои Кремљ толку сака да ги критикува играат клучна улога во одржувањето на стабилноста. Русија во таа смисла е џиновска финансиска пирамида како Меѓународниот монетарен фонд ММФ, која опфаќа седмина од земјиното копно. Поради тоа исклучувањето од финансиските пазари би било многу болно за Русија. Тоа води кој економско гушење. За некое време, секако, можно е „да се дише на боца за кислород” во цврста валута, но тоа не може да трае вечно.
Ако има макар едно место во Русија каде точно се препознава значењето на западните санкции, тогаш тоа е Кремљ, каде заедно стигаат сите информации од јавни и тајни извори. Санкциите, очигледно го загрижуваат Кремљ многу повеќе од што јавно покажува. И тоа е новиот лајт мотив во таа „американска симфонија” кој претходно недостасуваше.
Маѓепсан круг
Почнувајќи од зимата 2014 година, кога Русија ја искуси контрареволуцијата, внатрешната и надворешната политика имаше строго цикличен карактер.
Заканата од политичка дестабилизација (пред се поради влошување на економската криза) е здружена со засилената политика на мобилизација и свртување на делување кон надвор (Украина, Сирија, Турција и сега САД).
А засилената политика на мобилизација неизбежно ќе резултира со ескалација на агресиите и уште поинтензивни судири со Западот. Санкциите ќе произведат уште поголеми проблеми за економијата и потреба за поголема доза „адреналин за мобилизација”, што ќе доведе до нови ескалации и нови санкции и повторно таков еден циклус.
Кремљ се врти внатре во тој круг како морско прасе на тркало кое едвај држи чекор со вртежите. Секако, во текот на долгите лета со високите цени на енергентите на светсткиот пазар прасето успеа да наталожи дебел слој на маснотии во валутата, но зимата е зад аголот и неговото мало срце едноставно можеби нема да го издржи притисокот. Сфаќајќи дека е тоа слепа улица, Кремељ е во потрага за начин на бегство.
Не сака да биде морско прасе туку волк. И како искусен предатор, се подготвува да ги помине сите црвени линии. Или барем да создаде впечаток дека е подготвен да ги помине. Тоа е смислата на новата уцена, прво да се присили Западот на повлекување, а потоа на овој или оној начин да се ослабат санкциите со цел режимот барем да умре од природна смрт.
Времињата кога руската надворешна политика беше продолжеток на внатрешната, поминаа. Сега е обратно. Животот во Русија е подреден на спроведување на нови глобални надворешнополитички цели – плашење на Западот и присилување да отстапи, да ги укине санкциите и на рускиот режим да го врати пристапот до клучните пазари.
Ова е релативно едноставно објаснување за тоа. Сите активни закани кон режимот од внатре се бутнати на страна. Ако се одржи политичкиот и економскиот статус кво, режимот може да остане да постои неодредено долго, со или без претседателот Владимир Путин. Но, денес одржувањето на статус кво е во рацете на Западот, главно во САД. Ако режимот го издржи психолошкиот напад и притисок, вклучувајќи ги и санкциите, денешна Русија неминовно ќе го следи патот на Советскиот Сојуз. Но, ако стане исплашен и ја прифати чизмата на рускиот врат, тогаш играта може да трае со векови.
Радио Слободна Европа - Прага
Ново на Сител
-
Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан на Плаошник во Охрид
-
Романската Агенција за телекомуникации бара суспензија на „Тикток“ поради изборите
-
Во Собранието пратенички прашања
-
Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора
-
Украинските власти соопштија за голем руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура
-
Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно
-
ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија поради Украина
-
Состојба на патиштата