-->
-->
Копенхаген во најсилен состав против Вардар
-->
Данскиот првак, Копенхаген во Скопје ќе допатува во најсилен состав за првиот натпревар против Вардар во рамки од третото предквалификациско коло за Лигата на шампионите.
Тренерот на Данците, Стале Солбакен го комплетираше тимот со враќањето на Микаел Антонсон, кој поради повредата на коленото не играше на дуелот против Рандерс.
Составот на Копенхаген кој ќе допатува во Скопје:
Стефан Андерсен, Пиер Бенгтсон, Ерик Јохансон, Вилијам Квист, Бенџамин Вербиа, Урош Матија, Федерико Сантандер, Андрија Павловиќ, Николај Томсен, Микаел Антонсон, Јан Грегуш, Каспер Куск, Мадс Роерслев, Николај Боилесен, Јусеф Тоту, Робин Олсен, Михаел Луфтнер, Пиерос Сотириу, Дани Аманква и Ким Кристиансен.
Вардарци за првпат оваа сезона ќе настапат пред својата публика во Скопје, откако мечот од претходното коло против Малме го одигра на стадионот „Младост“ во Струмица.
Првиот дуел од ќе се игра утре на арената „Филип Втори“ со почеток од 20 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изминатиот месец 23.844 санкции за возачи, 7.437 возеле побрзо од дозволеното
-
Уапсен 20 годишен кумановец, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Железничката несреќа кај Темпи и понатаму главна тема во Грција
-
Врнежите поволни за земјоделството, почнува садењето на ранoградинарските култури
-
Пожарникарите се борат со речиси 200 шумски пожари во Северна и Јужна Каролина
-
Калас: Вашингтон го промени ставот по разговорите со Русија
-
Одеци по лондонскиот самит: Чекор напред со многу ветувања, а малку конкретни одговори
-
Маск: Време е САД да се повлечат од НАТО и ОН