Копаничарите од Неготино започнаа проект „Со уметноста и занаетот против пороците на 21 век”
Проект со наслов „Со уметноста и занаетот против пороците на 21 век“ започнаа да спроведуваат копаничарите од Неготино, во чест на јубилејот 10 години постоење на Здружението „Стари занаети“ од Неготино, информираше денеска Љиљана Василева од ова Здружение.
- Во проектот се вклучени 20 учесници, млади, невработени и други заинтересирани лица кои имаат афинитет кон уметноста и копаничарството, како и 6 обучувачи. Обуката е бесплатна, а целта е да се научи копаничарството како традиционална уметничка обработка на дрво која претставува богато културно уметничко наследство на Република Македонија и општина Неготино, појасни Василева.
Таа нагласи дека проектот е една од многубројните активности кои ги има здружението на копаничарите од овој град.
Ново на Сител
-
Охриѓани се хумани, помагаат на сограѓаните во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
За изборот на новиот папа, Тема на денот со Кирил Стојанов, новинар
-
Поддршка за Стерјовски пред утрешните парламентарни избори во Албанија
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина
-
Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија