Македонија
8. November 2017 - 8:42

Координативен состанок за аерозагадувањето во Скопје

- Состанок за координирање и усогласување на активностите за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух со градоначалникот на Скопје и градоначалниците на општините од Скопскиот плански регион, ќе одржат денеска министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и заменик министерот Јани Макрадули.
 
На состанокот, како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе бидат презентирани моменталната состојба, законските ингеренции,  актуелните планови,  досегашните искуства и  проблеми, како и предлог мерките и патоказите за дефинирање на идна комуникација и делување да имаат МЖСПП, УНДП, Државниот инспекторат за животна средина и Инспекцискиот совет.
 
На средбата, како што е најавено, ќе присуствуваат и постојниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.