Македонија
2. March 2018 - 8:25

Координативен центар за културна соработка меѓу Кина и Централна и Југоисточна Европа

Координативен центар за културна соработка меѓу НР Кина и 16 земји од Централна и Југоисточна Европа (Иницијатива 16+1), ќе биде отворен денеска во НУБ „Св. Климент Охридски“- Скопје.

На отворањето ќе се обратат кинеската амбасадорка Јин Лиџиан и министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски.

Се очекува на отворањето на Координативен центар да присуствуваат и амбасадорите на земјите-членки на Иницијативата 16+1, домашни и меѓународни политички претставници и јавни личности.