-->
-->
Констатирани пропусти во подоготовките за УЕФА Супер купот на Арената „Филип Втори“
-->
Владата на Република Македонија на синоќешната седница констатира сериозни пропусти од страна на АД за стопанисување со станбен и деловен простор и на претходата Влада, во реализацијата на преземената обврска за одржување на УЕФА Супер купот 2017 на Арената „Филип 2“, со оглед дека стадионот не е подготвен согласно бараните стандарди на УЕФА, соопшти владината прес-служба.
- Задолжен е Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, во соработка со другите надлежни министерства да ги преземе сите потребни мерки во рок од три дена и да изнајдат начин за одржување на УЕФА Супер купот, за што, како што е најавено УЕФА ќе дојде во Скопје на 21 јули да ги провери условите за одржување на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, се посочува во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово