Македонија
22. March 2019 - 8:58

Конференција за значењето на младинската работа

Завршна конференција од проектот „Квалитетна младинска работа: рамка за понатамошен развој на младинската работа“ за важноста на националните стандарди за квалитет на младинската работа и националното портфолио за младински работници ќе се одржи денеска во Скопје.

На конференцијата ќе бидат претставени националните стандарди за квалитет на младинската работа и националното портфолио за младински работници, публикации кои се поврзани со препознавање на младинската работа како значајна професија за поддршка на развојот на младиот човек и за унапредување на неговото активно учество во животот на заедницата.
 
Проектот е поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамки на програмата Еразмус+ на Европската Унија.