Конференција за заштита и управување со информации
Конференција „Моделирање на иднината за заштита и управување со информациите“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Некстсенс ДОО во партнерство со Symantec и Veritas.
Конференција ќе биде отворена со дискусија на тема „Регулативи за заштита на личните податоци, ефектот кој тие го имаат врз работењето на организациите и ефективните технолошки мерки кои можат да бидат превземени со цел усогласување со овие регулативи“.
Организаторите на конференцијата сметаат дека е неопходно спроведување на соодветни политики и имплементација на соодветни решенија за безбедност, заштита и управување со важните и доверливи информации. Со нивна помош, како што соопштуваат, секоја организација ќе се усогласи со постојните регулативи, ќе придонесе за рационално и оптимално искористување на сите свои ИТ и човечки ресурси, но и дополнително ќе воспостави соодветни стандарди и политики на ефективна безбедност и заштита на својата ИТ инфраструктура и важни податоци.
На конференцијата е најавено учество на извршни директори, офицери за заштита на лични податоци, офицери за сигурност и безбедност на информации, раководители на ИТ сектори од институции од владиниот сектор, од домашни и странски компании, јавни претпријатија, единици на локалната самоуправа, правосудството и од финансискиот сектор.
Ново на Сител
-
Мицкоски следната недела ќе се сретне со синдикатот на УПОЗ
-
„Генерален штрајк“ во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“