Конференција за подобрување на здравјето на Ромите

Тоа што во моментов се спроведува според превентивни редовни програми на Министерството за здравство, а се однесува на Ромите се бесплатни прегледи за време на бременост, бесплатни лабораториски испитувања доколку немаат здравствено осигурување, бесплатно породување, а понатаму патронажните сервиси ја преземаат грижата за жената после породувањето, истакна министерот за здравство Венко Филипче во обраќањето на конференцијата „Здравјето на Ромите: Пристап, предизвици и можности за подобрување“.
Посочи дека почнале сериозно да работат на имплементирање на Акцискиот план за намалување на смртноста на новороденчињата, направиле план кој ги опфатил сите фактори што влијаат на новороденечката смртност.
- Направивме една анализа, без градот Скопје потребно е да се вработат 380 доктори. Во здравствениот систем во Република Македонија треба вкупно да се вработат околу 2.300 луѓе, а најмногу доктори. Во Агенцијата за вработување има регистрирано 1.100 невработени медицински сестри и нешто помалку од 200 доктори. Сите да можеме да ги вработиме и повторно ќе нема доволно. Затоа почнавме да истражуваме иновативни начини за тоа како да ја подобриме патронажната служба, како и сервисите кои сега се даваат во болница, истакна Филипче.
Нагласи дека размислуваат да го зајакнат капацитетот на целокупниот здравствен систем и да се подобри пристапот со здравствена заштита на Ромите, како и квалитетна здравствена заштита за сите граѓани.
Претседателот на УО на Фондацијата Отворено општество – Македонија Маја Бојаџиевска рече дека Ромите се есенцијалната слика на човештвото во 21. век.
- Денес зборуваме за здравјето на Ромите и новите пристапи и предизвици и не разговараме за друго, туку за самите нас, за тоа колку можеме да бидеме луѓе. Пристапот до здравје и основните човекови права е клучот до човековиот гол живот, додаде Бојаџиевска на конференцијата која што се одржа во Музејот на современа уметност во организација на Фондацијата Отворено општество - Македонија.
Ново на Сител
-

Американската војска почна нова серија напади врз Иран, соопшти ЦЕНТКОМ
-

Премиерот Мицкоски во посета на Општина Дебрца
-

Сончево со температура до 39 степени, попладне услови за дожд и грмежи
-

МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго
-

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
-

Аларм за воздухот во САД пред финалето на Мундијалот: Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк
-

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот
