Конференција за Maкедонија во европската енергетска рамка, безбедност и вработувања
Конференција на тема „Maкедонија во европската енергетска рамка-безбедност и вработувања” денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест.
Конференцијата е поврзана со промовирањето на две студии од едицијата „Македонија во европската енергетска рамка“. Студиите се од областа на достапноста на јаглен за енергетски потреби и достапноста на работни места во различните сектори поврзани со енергијата.
Двете изданијата претставуваат анализи посветени на достапноста на лигнит за производство на електрична енергија, односно на можностите за отворање нови работни места во термоелектрани и обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.
Од Еко-свест нагласуваат дека во двете студии чија цел е да дадат одговор на прашањата: „Дали е безбедна енергетската иднина на Македонија во однос на достапноста на лигнит?“ и „Дали во Македонија секторите енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ), нудат поголем потенцијал за вработувања во споредба со термоелектраните?“.
Студиите се изработени и објавени во 2015 година и се промовираат заедно со цел истовремено да се прикажат и негативна и позитивна слика за енергетската иднина на Македонија.
Заклучокот од нив, велат од Еко свест, е дека Македонија треба итно да се пренасочи кон значително поголемо искористување на т.н. нови обновливи извори на енергија со цел да се намали зависноста од фосилни горива чии резерви набрзо ќе се исцрпат, а истовремено да се обезбеди поголем број на вработувања..
Како пример истакнуваат дека според компаративната анализа која покажува дека секторите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија нудат и до шест пати повеќе работни места во однос на термоелектраните. Од друга страна, термоелектраните покрај тоа што загадуваат, нѐ прават и зависни од ресурси за кои имаме домашни резерви за само уште околу две децении, после што ќе бидеме комплетно и долгорочно зависни од увоз на јаглен.
Тие препорачиваат забрзано напуштање на согорувањето на јаглен за добивање на енергија и внесување на значително поголем процент на обновливите извори на енергија во енергетскиот микс во земјава, што поскоро применување на построгите стандарди за заштита на животната средина кои се во согласност со Директивата за индустриски емисии за постојните термоелектрани како и олеснување на инвестирањето во обновливите извори на енергија и во енергетската ефикасност.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија