Македонија
5. July 2018 - 8:26

Конференција за Конвенцијата на ОН како механизам во борбата против корупцијата

Конференција на тема „Конвенција на ООН против корупција (УНКАК) и интегритетот, транспарентноста и антикорупциските превентивни политики“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН).

Учесниците на конференцијата ќе дискутираат за значењето на Конвенцијата како механизам во борбата против корупцијата и за улогата на граѓанските организации и државните органи во процесот на нејзиното спроведување.

Според најавата од организаторите на конференцијата ќе се обрати министерката за правда Рената Дескоска, а покрај домашните граѓански организации и институциите, свои искуства ќе пренесат и меѓународните експерти, Вид Томиќ од Транспаренси интернешнал Словенија и Мет Тром од Бингам центарот за владеење на право од Велика Британија.

Конференцијата e организирана во рамките на проектот „Следење на антикорупциски реформи“, што го спроведува МЦМС во соработка со БЦСДН.