Конференција „Набљудување на успешноста на работата на ДКСК“
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата денеска ја организира првата конференција од проектот „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување корупција“ поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Целта на конференцијата е да се презентира методологијата за набљудување на отчетноста на засегнатите институции по одлуките на Државната комисија за спречување на коурпцијата, како и нивните подготовки за набљудување на финансирањето на политичките партии. Тема на конференцијата ќе биде и носењето на националната стратегија за борба против корупцијата, односно идејата е да се разговара околу приоритетите на стратегијата и на кој начин да се направи ефикасна соработка меѓу засегнатите страни.
Ново на Сител
-

Собранието избра нови членови на ДИК и Комисијата за заштита од дискриминација
-

Расте поддршката за членство во ЕУ - 71% од граѓаните сакаат во Унијата но само 24% се за уставни измени
-

СДСМ го поддржува протестот на синдикатите
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-

Потребна е вонсезонаска понуда во Охрид
-

Во Штип лани речиси секој ден се продавал по еден стан
-

Преглед на вестите од светот
-

Србите го слават Свети Сава

