Концерт на Петруш Петрушевски-контрабас и Сара Пројковска Николовска-пијано
Во рамки на манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“ синоќа на малата сцена на Велешкиот народен театар концерт одржа Петруш Петрушевски на контрабас со пијано придружба на Сара Пројкоска Николовска, и двајцата професори на Факултетот за музичка уметност од Скопје.
Пертрушевски и Пројкоска Николовска настапија со Соната за контрабас и пијано во Ф-дур од Џовани Батиста Перголеси, со „Apres un reve“ од Габриел Фауре, со Три пиеси за контрабас и пијано од РудолфТулачек, Елегија за контрабас и пијано од Џовани Ботесини и со „Nine variants on Paganini“ од Франк Прото.
Со својот врвен настап, ја воодушевија присутната публика која ги награди со долг и силен аплауз и го врати на бис на сцената контрабасистот Петруш Петрушевски кој отсвири уште една композиција.
По концертот контрабасистот Петруш Петрушевски изјави дека е воодушевен од публиката и од малата сцена на новиот театар каде настапува првпат. Според него, има извонредна акустика, а просторот е интимен за свирење.
Тој им порача на луѓето, посебно на младите да пратат класична музика бидејќи, како што рече, ќе разберат и самите дека тоа го збогатува нивниот дух.
Пијанистката Сара Пројковска Николовска изјави дека целта на сите концерти е да проникне до чувствата на оној кој ја слуша музиката, а ако тоа се случи значи дека концертот бил успешен.
- Верувајте, ние вечерва ви свиревме со голема љубов и сакавме да ви испратиме позитивни вибрации, да уживате во оваа класична музика која ја свиревме за публиката, која внимателно не слушаше, потенцира Пројковска Николовска.
Петрушевски како солист досега освен во Македонија имал настапи и во Косово, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Италија, Чешка и Германија.
Пројковска Николовска настапила на фестивалите „Охридско лето“ и „Скопско лето“, „Денови на македонската музика“, како и во Турција, Чешка, Франција, Италија и други земји.
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор