-->
-->
Концерт на етно составот “Вез” во Крива Паланка
-->

Во Националната установа Центар за култура Крива Паланка синоќа се одржа концерт на етно составот “Вез” кој во рамки на едночасовната програма изведе дванаесет стари македонски песни.
Песните :”Зајди, зајди”, “Со маки сум се родила”, “Ајде ред се редат мале”, “Огрејала месечина” и други беа изведени во живо од вокалот Моника Стојчева, во придружба на звуците на кавал, во изведба на Илија Ќосески,тамбура, Никола Ѓоргиев, тапан, Христијан Стаменковски и клавијатура и гајда Марио Иванов.
-Како состав сме компактни, јас сум професор, останатите изведувачи се студенти на Факултетот за музичко образование. Изведуваме традиционална македонска музика со мали преработки, со звуците на традиционалните инструменти. Целта е да ги сочуваме од заборав овие песни со трајна вредност, истовремено да ја поттикнеме помладата генерација и публика да се запознаат со песните што се дел од нашето културно-музичко и етнолошко наследство, а и да ги “намамиме” да ги слушаат овие песни, изјави Илија Ќосески од етно состав “Вез”.
Концертот во Крива Паланка е прв во низата што ќе се одржат викендов, како настани поддржани од Министерството за култура на Република Северна Македонија во рамки на програмата “Нов културен бран”.
Денеска во 16 часот “Вез” ќе настапи во Виница, а во 20 часот во Берово, додека во недела ќе бидат дел од манифестацијата “Самун ем татлија” каде ќе настапат 11 часот во Радовиш и вечерта ќе настапат во Богданци.
Во претстојниот период етно состав “Вез” планира да издаде и носач на звук со традиционална македонска музика.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
