Концерт „Made in Macedonia“ на Македонската филхармонија
„Made in Macedonia“ е насловен концертот што вечер ќе го одржи Македонската филхармонија.
Како солист ќе се претстави еден од најдобрите македонски кларинетисти, Здравко Ангелов, прв кларинетист во Македонската филхармонија, кој ќе го изведе концертот за кларинет и оркестар бр. 1 од Лудвиг Шпор.
Диригент на концертот е маестро Борјан Цанев, а на програмата се и делото „Лет“ од австралискиот композитор со македонско потекло, Мајкл Бакрнчев, како и познатата Симфонија бр. 41 „Јупитер“ од музичкиот гениј Моцарт.
Ангелов е еден од најистакнатите македонски кларинетисти. Во текот на својата досегашна музичка кариера се стекнал со бројни признанија и награди. Настапува како солист со симфониски оркестри во нашата држава и надвор од неа, но и како камерен музичар, а воедно е постојан член на камерниот ансамбл „Консонанс“. Учесник е на значајни фестивали. Настапувал под палката на исклучителни диригенти како што се Даниел Рајскин, Урош Лајовиц, Јерухам Шаровски, Владимир Ашкенази, Јануш Пшибилски, Антон Нанут, Пол Меер, Емил Табаков, Борјан Цанев, Саша Николовски–Ѓумар..
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o