„Комунална хигиена“ воведе ГПС-систем за мониторинг на собирањето и транспортот на отпадот
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје воведе најсовремен ГПС-систем со кој ќе врши надзор на движењето на сите специјални комунални возила за собирање и транспорт на отпадот, како и на моменталната состојба на исполнетост на капацитетот на садовите за отпад, соопшти претпријатието.
Траекторијата на возилата, нивната моментална локација, брзината на движењето и потрошувачката на гориво се само дел од податоците што раководството на Претпријатието во секој момент ќе ги има на увид, преку употребата на ГПС-системот за надзор. Преку поставените сензори на контејнерите ќе се утврдува колкава е моменталната исполнетост на нивниот капацитет и дали има потреба од нивно празнење.
Од претпријатието очекуваат големи придобивки од воведувањето на овој систем, најмногу преку увидот во движењето и локацијата на возилата, како и потрошувачката на горивото.
– Особено е значајна можноста сензорски да се утврди дали еден контејнер е целосно или делумно исполнет со отпад и во согласност со тоа да се испланираат активностите на екипите на претпријатието, изјави директорот на „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.
Ново на Сител
-
Васил Јованов осуден на 12 години
-
Турција ќе отвори нова фабрика за чипови и соларни ќелии
-
Гејминг индустријата во Србија лани со приходи од 214 милиони евра
-
Забрана за 15.000 аргентински навивачи за влез на стадионите на Светското клупско првенство
-
Марта Кос: Владата во Србија не исполни ниту една од реформите што ги вети во декември
-
Управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта, приведен 68-годишник од Ресен
-
ФБИ ќе го зголеми фокусот кон илегалната имиграција
-
МВР: Апел до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови