Македонија
14. September 2018 - 9:50

„Комуналец“ продолжува со поставување нови контејнери во Струмица

ЈПКД „Комуналец“ од Струмица продолжува со поставување нови и заменување контејнери на повеќе улици во градот, информираат од препријатието.

Досега се поставени нови 150 контејнери на повеќе локации во градот, а посоечките се дезинфекцирани и поправени.

Изминативе денови „Комуналец“ постави нови контејнери на улиците „Ката Поцкова“ и „Бор Поцков“.

Од комуналното претпријатие додаваат дека акцијата ќе продолжи со цел да се зголеми бројот на местата каде граѓаните ќе го оставаат отпадот и да се избегне грдата слика на создавање нови депонии.