Комплетно асфалтиран стариот пат до манастирот св.Јоаким Осоговски
Завршено е асфалтирањето на стариот патен правец до манастирскиот комплекс Св.Јоаким Осоговски во Крива Паланка и тој од денеска е во употреба.
–Завршени се градежните активности за реконструкцијата и санација на стариот пат кон манастирот Св. Јоаким Осоговски, со која комплетно е обновена коловозната конструкција и поставен е нов слој асфалт. Исто така поставени се нови рабници во должина од 2,5 километри, изработени се асфалтни риголи, санирани се постојните свлечишта и изградени се потпорни ѕидови, а делови од патот се проширени со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Тој рече, од денеска сите посетители, туристи и рекреативци, ќе можат да го користат и овој патен правец до манастирот, кој, како што посочи, е најголем туристички потенцијал и промотор на општината.
Рехабилитацијата на патот е проект финансиран од Агенција за финансиска поддршка на земјоделието и руралнито развој ( АФПЗРР) и дел од Општина Крива Паланка, а изнесува околу 16 милиони денари.
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид