Кошарка
24. December 2016 - 11:06

Комплетирано 14.коло во Евролигата

 
Со одигувањето на петте натпревари синќа беше комплетирано 14.коло во кошаркарската Евролига 
 
Во дербито, кое беше реприза на минатогодишното финале кошаркарите на Фенербахче ја совладаа ЦСКА на гостински терен во Москва и тоа по продолжение со 95-79 откако регуларните четириесет минути завршија нерешено 75-75.
 
Покрај овој дуел, неизвесни до самиот крај беа и Дарушафака - Макаби Тел Авив 86-84 и Панатинаикос - Басконија 69-69, додека Барселона убедливо со 89-75 го победи Армани Милано.
 
На натпреварите одиграни ден порано беа постигнати овие резултати: Галатасарај - Анадолу Ефес 76-86, Црвена Звезда - Реал Мадрид 82-70, Жалгирис - Уникс Казан 80-88 и Бамберг – Олимпијакос 82-68.